Стојоски: Многу ми значи рекордот на 100 метри, сега сум државен рекордер во 7 дисциплини
Македонскиот атлетичар Јован Стојоски продолжува да блеска во своите настапи, оствари нов државен рекорд овојпат во една највозбудливите дисциплини, на 100 метри.
Нашиот натпреварувач успеа да го собори националниот рекорд на 100 метри, со резултат 10,59 секунди и воедно освојувајќи го првото место на меѓународниот Митинг во Бар, Црна Гора.
Тој е државен рекордер на Македонија во седум дисциплини, а исто така посакува да ги собори и следните шест дисциплини на 60 метри во сала, 400 метри отворено, 400 метри со пречки, 4×100 метри, 4×400 метри и во десетобој.
На Митингот во Бар го освои првото место и во дисциплината 400 метри (46,99 секунди).