Актуелно

ССМ: Вработените се загрижени за својата безбедност

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) утрово во допис до медиумите тврди дека загрижени вработени од скопскиот водовод денеска побарале помош од ССМ после јавно објавените документи дека нивниот в.д. директор е насилник, осудуван со затворска казна. Вработените се плашат дека в.д. директорот може да ги нападне на нивните работни места, тврдат од ССМ.

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ)  бара од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, додека трае постапката за разрешување на в.д. директорот на ЈП „Водовод“, Марјанче Митовски да ја задолжи службата за обезбедување да ги обезбедува вработените во претпријатието. 

„Вработените во „Водовод“ кои максимално и пожртвувано се вложуваат и овозможуваат скопјани непрекинато да го остваруват своето основно човеково право, а тоа е пристап до вода и живот во чиста околина, заслужуваат пристојна и безбедна работа. Работниците и синдикатите прашуваат кој ќе биде одговорен доколку се случи нешто? Дали Арсовска ја презема целокупната одговорност поради тоа што поставувањето на в.д директорот е нејзино решение“,  велат во дописот до медиумите од ССМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons