Сребро за Дејан Георгиевски на Европските игри во Полска
Македонија го освои првиот медал на Европските игри во Краков, Полска, откако нашиот најдобар таеквондо-фајтер, Дејан Георгиевски загуби во финалето во категоријата над 83 килограми, губејќи со 2:0 од британскиот ривал Кејден Луис Канингем.
Со ова се комплетираше фантастичниот настап на сребрениот од Олимпијадата во Токио, а Георгиевски на патот до финалето ги совлада Италијанецот Матија Молина и Украинецот Андриј Харбар.