Србин со товарно возило прегазил кумановец на патот Свети Николе – Куманово
Четириесет и седумгодишен кумановец е тешко повреден откако бил прегазен од товарно возило управувано од Србин на патот Свети Николе-Куманово.
„Вчера во 18.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Свети Николе – Куманово, товарно возило „ивеко“ со српски национални ознаки, управувано од М.М. од Република Србија, удрило во пешакот С.М.(47) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Куманово“ , информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.