Македонија

СОНК ГО СТАВИ ШТРАЈКОТ ВО МИРУВАЊЕ: Учениците се враќаат на училиште

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, по итниот состанок на Советот на СОНК, на прес конференција соопшти дека штрајкот на вработените во образованието го ставаат во мирување.

Како што вели тој, денеска Советот на СОНК расправал во врска со добиеното известување од Министерството за образование и наука, по што се консултирале со правници.

„Од денеска генералниот штрајк се става во мирување. Ова е само почитување на законот“, истакна Неделков, истовремено нагласувајќи дека ако нема решение, штрајкот повторно ќе стане активен.

Тој е убеден дека платите ќе бидат зголемени колку што бараат и дека дневниците нема да бидат скратени колку што траел штрајкот.

„Сакам да го уверам членството дека ова е само почитување на законот и доколку не се договориме во законскиот рок, штрајкот повторно ќе биде активиран. Би било добро да нема протест од аспект да не се врши притисок врз преговарачите. Има повеќе опции, максимално е 20 дена, првично 10 дена“,  вели Неделков.

Тој кажа дека од утре учениците се враќаат во училишните клупи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons