Советот на Град Скопје изгласа пренамена на средства за плати во ЈСП
Советот на Град Скопје попладнево изгласа пренамена на средства од буџетот за плати во ЈСП Скопје.
Советниците усвоија заклучок со кој се задолжува градоначалникот со надлежните сектори најдоцна до петок 21-ви октомври до 12 часот, да достави одлука до Советот на град Скопје за прераспределба на средства за ЈСП Скопје, како би се овозможило непречено работење на претпријатието. За заклучокот гласаа 24 советници, без ниту еден против или воздржан.
Засега нема реакција од синдикатите кои во текот на денот најавија штрајк и прекин на сообраќајот за утрешниот ден.
Советникот од Левица во Град Скопје, Реџеп Исмаил, обвини за ненаменско и непринципиено трошење на народните пари.