Собрани над 30 милиони денари преку телефонските линии и Црвениот крст за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија
Преку телефонските линиии и Фондот за солидарност на Црвениот крст, заклучно со вчерашниот ден уплатени се вкупно 30.378.353 денари за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија.
Црвениот крст на Република Северна Македонија по апелот на Меѓународната дедерација на Црвен крст и Црвена полумесечина од сопствени средства уплати 3.000 евра како првична помош за настраданото население во Турција и Сирија, како и 20.000 евра на сметката на Турската Црвена полумесечина, велат од Црвениот крст
Информациите за донации се достапни на следниот линк.