Смртна казна е можната пресуда за убиецот на Чарли Кирк
Осомничениот за убиството на американскиот конзервативен активист Чарли Кирк би можел да се соочи со најстрогата казна – егзекуција, изјави државната обвинителка Пам Бонди во интервју за Фокс њуз.
„Прерано е да се каже од правна гледна точка, но како што нагласи гувернерот, тие ќе бараат смртна казна, што е многу реално во Јута. Сè уште постои можност за стрелачки вод таму“, рече Бонди.
Таа најави дека формалните обвиненија ќе бидат поднесени во вторник или подоцна оваа недела.
Претходно, гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, ја потврди намерата на државата да бара смртна казна за сторителот на убиството. Тој исто така додаде дека истражителите веруваат дека убиецот на Кирк дејствувал сам.