Спорт

Славје во Гелзенкирхен, Чурлинов помогна Шалке да се врати во Бундеслигата 

На едно коло до крајот на сезоната во втората Бундеслига, екипата на Шалке ја оствари денеска потребната победа која му обезбеди официјално враќање во елитата.

Иако Ст. Паули водеше по првиот дел со 0:2 на теренот во Гелзенкирхен, домаќините направија целосен пресврт во второто полувреме.

Во тој пресврт придонесе и македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов кој беше асистент во израмнувањето на 2:2 во 71 минута, стрелец беше Терод.

По последниот судиски свиреж следуваше голема радост на играчите на Шалке и секако славје кај нивните навивачи.

Шалке е сигурно прв со 62 бодови, а во последното коло ќе се води голема битка за второто место кое исто така води во Бундеслигата. На второто, односно третото место со по 57 бодови од 33 натпревари се Хамбургер и Дармштад, а на четвртата позиција е Вердер Бремен со 57 бодови, но од 32 одиграни мечеви.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons