СКАНДАЛ во Италија: Фудбалер на Рома и судија во конфликт, спречена тепачка (ВИДЕО)
Фудбалерите на Рома беа поразени на домашен терен од Наполи, а конечниот резултат гласеше 0:1 за гостинската екипа која со тоа ја задржа лидерската позиција. Рома се бореше во текот на целиот натпревар, но не успеа да остане непоразена, а на крајот виновникот го бараше во судијата на овој натпревар.
Во Рома не беа задоволни од одлуките кои ги донесе главниот судија на овој натпревар Масимилијано Ирати, а не се плашеа ниту да го покажат тоа.
Победничкиот гол за Наполи го постигна Осимхен во 81. минута, но Рома очигледно мислела дека тој направил прекршок додека се борел за топка со играч на Рома.