Сингапур го има најмоќниот пасош – на кое место е Македонија?
Сингапур и оваа година го задржа првото место на Henley Passport Index, вторпат по ред.
Македонија е на 38 то место. Според најновиот извештај, носителите на пасош од Сингапур можат да патуваат без виза или со виза по пристигнување во дури 192 дестинации, што е највисок резултат во светот.
На второто место се најдоа Јапонија и Јужна Кореја, со безвизен пристап до 188 земји, додека третото место го делат дури пет европски држави – Данска, Луксембург, Шпанија, Шведска и Швајцарија, со пристап до 186 дестинации.
Индексот, кој се изготвува врз основа на податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA), оваа година бележи силно европско присуство – дури 30 европски земји се наоѓаат во првите 10 позиции.
Непосредно под третото место, со безвизен пристап до 185 земји, се рангирани Австрија, Белгија, Финска, Франција, Германија, Грција, Ирска, Италија, Холандија и Норвешка.
Топ петката ја заокружуваат Унгарија, Португалија, Словачка, Словенија и Обединетите Арапски Емирати, a по неа следи Хрватска која е шеста рнгирана. Македонија е на 38 то место.
И покрај доминацијата, не сите европски пасоши котираат високо. Белорусија се наоѓа на 60. место, со пристап до само 79 земји, додека Косово е на 59. позиција со 81 дестинација, заедно со Кина и Боцвана.
Сепак, Косово бележи значителен напредок – од 2016 година се искачило за 38 места на ранг-листата, иако сè уште е под светскиот просек.
Најголем напредок во последните 20 години имаат Обединетите Арапски Емирати, кои напредувале за 57 места и сега се наоѓаат на петтото место. Само минатата година ОАЕ беа на 10. позиција, со што сега го престигнаа и Обединетото Кралство, кое падна на седмото место.
Соединетите Американски Држави се наоѓаат на 10. позиција, со безвизен пристап до 179 земји – ист ранг како и во 2025 година, кога САД го забележаа најслабиот пласман во историјата на индексот.



