Се огласи Роналдо: Вечерва ќе биде тешко против Македонија!
Капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо очекува многу тежок натпревар со Македонија. Двете селекции вечерва ќе играат меѓусебе во финалниот плеј-оф за Светското првенство во 2022 година.
„Луѓето мислат дека ќе биде полесно за Португалија. Но, противникот заслужи да биде тука. Убеден сум дека ќе имаме тежок натпревар. Ако го покажеме најдоброто ниво и со целосна поддршка од навивачите, мислам дека ќе постигнеме позитивен резултат“, изјави Роналдо.