Сејдини: Ме нападнаа тројца со маски, се надевам дека полицијата што побрзо ќе го расветли инцидентот
Претседателот на Фудбалската федерација, Мухамед Сејдини, кој денеска беше нападнат од маскирани лица на паркингот на познат скопски ресторан, не е сериозно повреден. Во изјава за ТВ „Клан Македонија“, Сејдини вели дека напаѓачите биле тројца и дека носеле маски, а по нападот веднаш избегале.
Тој да исказ во полициска станица околу инцидентот, а во изјавата побара од МВР и надлежните институции што побрзо да го расветлат нападот.
Портпаролот на ФФМ претходно потврди дека се случил напад врз Сејдини, кој бил заедно со придружник, а напаѓачите им се нафрлиле во моментите кога првиот човек на ФФМ го напуштал ресторанот, каде имал работен состанок.