Сега и официјално, Валенсија со Димитријевиќ и Партизан ќе играат во Евролигата
Тоа што беше најавено, денеска е и официјализирано, Валенсија и Партизан ќе играат во Евролигата во наредната сезона на местото од руските клубови, ЦСКА Москва и Зенит.
Валенсија за која игра македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ и Партизан беа единствените екипи кои побараа да влезат на местото од двата руски тима, па јасно беше дека тие ќе играат во Евролигата.
Денеска стигна и официјална потврда за нивното учество во најдоброто кошаркарско клупско натпреварување во Европа. Тоа значи дека Македонија преку Ненад Димитријевиќ ќе има претставник во Евролигата иднината сезона, а Партизан и Црвена звезда ќе имаат уште едно поле за меѓусебен мегдан.
18 екипи кои ќе играат во Евролигата идната сезона се: еал Мадрид, Барселона, Басконија, Анадолу Ефес, Фенербахче, Олимпијакос, Милано, Панатинаикос, Макаби, Жалгирис, Баерн, Алба, Асвел, Виртус, Монако, Црвена Звезда, Партизан и Валенсија.