САД ја тестираа интерконтиненталната балистичка ракета „минутмен III“
Соединетите Американски Држави вчера ја тестираа интерконтиненталната балистичка ракета „минутмен III“, која е способна да носи нуклеарна боева глава, објави 30-то крило на американските вселенски сили.
„На 5 ноември 2025 година, Глобалната команда за удар на воздухопловните сили на САД спроведе тест лансирање на невооружена интерконтинентална балистичка ракета „минутмен III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија“, се наведува на веб-страницата на базата.
Ракетата прелетала приближно 4,2 илјади милји за време на тестот, се содава.
Тестот на ракетата е спроведен набрзо по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за можни нуклеарни тестови. Сепак, ова е планиран тест како дел од редовните проверки на борбената готовност и прецизноста на ракетниот систем „минутмен III“, кој е во служба на САД повеќе од половина век.
Според Проектот за нуклеарни информации на Федерацијата на американски научници, американските воздухопловни сили моментално имаат околу 400 ракети „минутмен III“, распоредени во силоси во државите Колорадо, Монтана, Небраска, Северна Дакота и Вајоминг, со дострел од повеќе од 6.000 милји (околу 9.600 километри).



