Македонија

Румен Радев организира конференција за Гоце Делчев – дали е ова нова провокација?

Бугарскиот претседател Румен Радев организира конференција за револуционерот Гоце Делчев. 

Слоганот е „Добрососедските односи ќе бидат стабилни кога ќе не обедини историската вистина“.  Националната конференција во чест на Гоце Делчев, ќе се одржи на 4-ти мај во Софија. Организатори на настанот се  Бугарската академија на науките и Македонскиот научен институт од Софија. 

„На 4 мај ќе прославиме 119 години од смртта на Гоце Делчев. Националната конференција во неговиот спомен е израз на нашата длабока почит кон животот и делото на овој голем апостол на слободата на македонските Бугари. Добрососедските односи меѓу Бугарија и Република Северна Македонија ќе бидат стабилни и неповратни во време кога историската вистина не обединува”, пишува Радев на својот Фејсбук профил.

Бугарија неодамна го отвори Културниот центар Ванчо Михајлов во Битола, за што имаше многу реакции. Бугарија ја кочи Македонија на патот кон ЕУ со ветото. Источниот сосед дава поддршка на Албанија, но не и на Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons