РКЕ ја објави цената на струјата од јануари
„Цената на струјата од 1 јануари се намалува за прв блок за 5,16%, за втор блок и за евтината остануваат цените исти, за трет блок се зголемува за 2,88% и за четврт блок се зголемува за 1,86%. Доколку не се воведеше надоместок за пристап кон мрежа, цената на прв блок ќе се зголемеше за 3,4 %, за втор блок за 8,62%, за трет блок за 9,46%, за четврт блок за 4,92% и за евтината тарифа за 15,42%“, изјави денеска претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски.
Бислимоски рече дека во носењето на одлуките комисијата се водела од интересот на граѓаните и уставното начело со кое државата се дефинира како социјална, со цел заштита на ранливите категории.
„Регулаторната комисија и со оваа одлука рефлектира решенија кои ќе го заштитат стандардот на граѓаните. Со новиот концепт пристап кон мрежа, се направи фер распределба на трошокот за мрежа меѓу редовните корисници и оние потрошувачи кои повремено ги користат објектите. РКЕ продолжува да го гради интегритетот на институцијата преку одговорни одлуки и решенија кои во тешки времиња на пандемија и енергетската криза ги имаше граѓаните како партнер во одржување на стабилен и ликвиден електроенергетски систем. Пониските цени за електрична енергија се резултат на конзистентна енергетска политика и реформскиот пристап на РКЕ преку воведување на блок тарифи, како и елдорарото на инвестициите во обновливи извори со кои во државата се обезбеди со нова енергија со што за само две години се зголеми инсталираниот капаците за 25 %, а увозната зависност се намали за една третина со што се отвори простор за нов интервал на дневна евтина струја за домаќинствата“, изјави Бислимоски“.