Спорт

Реал со џентлменски потег, богато ќе го награди Комо за новиот аргентински „бисер“

Медиумите од Италија пренесуваат дека Реал Мадрид и Комо ќе постигнат џентлменски договор и „кралевите“ ќе платат помеѓу 35 и 40 милиони евра за ангажман на Нико Паз и покрај тоа што имаат клаузула според која можат да го вратат аргентинскиот „бисер“ за само 9 милиони евра.

Нико Паз блеска во дресот на Комо па изминатово лето неколку клубови пројавија интерес за неговите услуги.

Во последните денови од преодниот рок, Тотнем понуди 70 милиони евра, но Комо, во договор со Реал Мадрид, го одби предлогот.

Како што пренесува Спортмедиасет, двата клуба имаат џентлменски договор според кој Комо богато ќе заработи.

И покрај тоа што „кралевите“ можат со само 9 милиони евра да го вратат Нико Паз во своите редови, ќе платат помеѓу 35 и 40 милиони евра.

На овој начин ќе се заблагодарат за одличниот развој на Нико Паз, и тоа што Комо не дозволи тој да се пресели во друг клуб.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons