Разрешени директори блиски до Таравари, се бара разрешување и на министрите
Почна кадровското разрешување на кадрите од Алијанса за Албанците кои застанаа на страната на Таравари. На вечерашната владина седница се разрешени Бујарe Абази од функцијата директорка на Пошта на Македонија и Газменд Абдија, од позицијата директор на Агенцијата за странски инвестиции.
Тоа, за министерот за информатичко опоштество е фрлање масло во огнот од страна на ДУИ, бидејќи кадровските прашања првин треба да се синхронизирани на ниво на владината коалиција, а потоа евентуално да се најдат на владина седница.
Министерот Кренар Лога, кој е на страната на екс –претседателот Зијадин Села, не бил на седницата, но „за“ гласале двајцата заменици министри од редовите на Алијанса, Тирон Јајага и Вјолца Бериша.
Алиу, како надлежен министер за такви прашања, не е консултиран.
АРТАН ГРУБИ Е ТОЈ ШТО ОДЛУЧУВА, АРТАН ГРУБИ ОДЛУЧИЛ ЗАЕДНО СО КОЛЕГИ, ЗА ЖАЛ, ОД НАШАТА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА, ДА СЕ РАЗРЕШАТ, И НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ПРОДОЛЖАТ ДА РАЗРЕШУВААТ ТОА ШТО МОЖАТ. ТОА ШТО НЕМА ДА МОЖАТ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ СЕ МАЧАТ ПОВЕЌЕ, ИЛИ ЌЕ СЕ ОБИДАТ СО ДРУГИ МЕТОДОЛОГИИ И ПРИСТАП. ОСТАВКА ОД НАС НЕМА ДА ИМА, ТАКА ДА АКО ИМААТ ДРУГИ МОЖНОСТИ И МЕТОДОЛОГИИ НЕКА ПРОБААТ, РЕЧЕ АЛИУ.
Алиу и Меџити немаат намера да си поднесат оставки, а одлуката на кадровската комисија од Алијанса, која вечерва побара и нивно разрешување, ја сметаат за нелегитимна.
АЛИЈАНСАТА ЗА АЛБАНЦИТЕ НЕМА КРИЛО, ЗНАЧИ ТАА Е ЕДНА И ЕДИНСТВЕНА, ИМА ЛЕГИТИМНИ ОРГАНИ, ИМА ЛЕГИТИМЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ КОЈ СЕ ВИКА АРБЕН ТАРАВАРИ. ТОЈ Е ЛЕГИТИМЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПАРТИЈАТА. И НИЕ СМЕ, КАКО АКТИВИСТИ НА АЛИЈАНСАТА ЗА АЛБАНЦИТЕ, ДВАЈЦА МИНИСТРИ ШТО КАЖАВМЕ ВЕЌЕ, ВИЕ НЀ СЛЕДЕВТЕ ВИЕ 11 МЕСЕЦИ, НАЈВЕРОЈАТНО ОВАА ВЛАДА НЕ Е НАУЧЕНА ДА ВИДИ МИНИСТРИ КОИ НАВИСТИНА ПОСТИГНУВААТ УСПЕХ, РЕЧЕ МЕЏИТИ.
Министрите се пожалија и дека, сите нивни барања вечерва се одбиени, меѓу кои се и точките за покачување на платите за медицинските сестри и за останатиот здравствен персонал, потпишување на колективен договор за вработените во Министерството за здравство, колективен договор за Клиниката Козле, одлука за паркингот во Клиничкиот центар и многу други.
На министрите вечерва не им беше дозволено да дадат изјави во владиниот прес центар, а надвор останаа и новинарските екипи, со образложение дека прес конференцијата не била најавена.