Магазин

Професии што во наредните 10 години ќе бидат најбарани и најплатени 

Ако сте медицинска сестра или софтверски девелопер, не мора да се грижите дека во блиска иднина нема да можете да најдете работа, покажуваат податоците од Заводот за статистика за работа во САД. Научниците од овој завод објавија проекција за иднината на стотина професии, а „Бизнис инсајдер“ направи листа со професии за кои наредните десет години побарувачката ќе биде најголема.

1. Медицински сестри

Нови позиции што ќе се отворат до 2026: 438.100

Просечната плата во 2017 година изнесувала 70.000 долари годишно.

2. Софтверски девелопер за апликации

Нови позиции што ќе се отворат до 2026 година: 255.400

Просечната плата во 2017 година за оваа професија изнесувала 101.790 долари годишно.

3. Генерални менаџери и менаџери за операции 

Нови позиции што ќе се отворат до 2026: 205.200

Просечната плата во 2017 година за оваа професија изнесувала 100.410 долари годишно.

4. Финансиски менаџер

Нови позиции што ќе се отворат до 2026: 108.600

Просечната плата во 2017 година за оваа професија изнесувала 125.080 долари годишно.
5. Сметководители и ревизори

Нови позиции што ќе се отворат до 2026: 139.900

Просечната плата во 2017 година за оваа професија изнесувала 69.350 долари годишно.

6. Аналитичари на менаџмент во компаниите

Нови позиции што ќе се отворат до 2026: 115.200

Просечната плата во 2017 година за оваа професија изнесувала 82.450 долари годишно.

7. Хирурзи

Нови позиции што ќе се отворат до 2026: 42.300

Просечната плата во 2017 година за оваа професија изнесувала 208.000 долари годишно.

8. Експерти за анализа на пазарот и маркетинг

Нови позиции што ќе се отворат до 2026: 138.300

Просечната плата во 2017 година за оваа професија изнесувала 63.230 долари годишно.

9. Менаџери

Нови позиции што ќе се отворат до 2026: 79.500

Просечната плата во 2017 година за оваа професија изнесувала 105.610 долари годишно.

10. Адвокат

Нови позиции што ќе се отворат до 2026: 65.000

Просечната плата во 2017 година за оваа професија изнесувала 119.250 долари годишно.

Најбарани професии во блиска иднина од 11. до 24. место:

11. ИТ-експерти
12. Наставници во основно образование
13. Професори на факултети од подрачјето на медицината
14. Медицински практичар
15. Физикален терапевт
16. Програмер
17. Продажен претставник
18. Надзорник на градежни работи
19. Возач на камиони
20. Професор во средните училишта
21. Инженер за градежништво
22. Водоинсталатер
23. Стоматолог
24. Доктор по општа медицина

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons