Актуелно

Протест на новинарските здруженија – да сопре омаловажувањето и притисокот

„Навредата кон новинарите е потценување на граѓаните“ – медиумските работници излегоа на марш од Владата до Собранието. Со транспаренти и свирчиња го изразија револтот од институциите и лошите услови за работа.

Протестот го организираа здружението на новинари и новинарскиот синдикат. Упатија барања да престане понижувачкиот однос од министрите, директорите и политичарите, услови за квалитетна и безбедна работа, достоинствени плати, како и имплементација на законите важни во медиумската фела.

За сите барања, до Владата доставиле акциски план со рок за реализација.

Според првиот човек на ЗНМ, работите тапкаат во место, дури и се влошуваат.

Претседателот на ССНМ, пак, истакна на работничките права не се почитуваат, а нападите врз новинарите мора да престанат.

Протестниот марш наиде на поддршка од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, народниот правобранител, како и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons