Протестен марш на Независниот синдикат на судска администрација во Скопје
Протестен марш во организација на Независниот синдикат на судска администрација се одржува попладнево во Скопје. Маршот започна од пред платото на Основен Кривичен и Граѓански суд во Скопје, а ќе заврши пред зградата на Судски совет.
Меѓу барањата на Синдикатот се и зголемување на платата за 78 проценти од минимална и додатоците на плата за 35 отсто од судскиот буџет.
Од Синдикатот информираат дека имаат закажано состанок со претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев.
Протест денеска имаа и вработени во судската администрација од Основен суд Тетово, каде беше побарано зголемување на платите како кај судиите.