МакедонијаНајново

Приведен средношколец во Штип поради закана кон соучениците 

Закана на средношколец на социјалните мрежи го вклучи алармот кај наставниците и раководството на штипската Гимназија „Славчо Стојменски“. Вчера ученик од четврта година на Инстаграм споделил порака дека ќе дојде со пушка на училиште. За заканата веднаш е известена полицијата, а ученикот и неговите родители се повикани на разговор.

– Ние, како училиште и јас како директор ги преземавме сите мерки кои ги имавме на располагање. Беа повикани сите служби, родителите и ученикот и се разговараше на таа тема. Моментално е овде полицијата, разговараме уште, ситуацијата ја држиме под контрола и апелирам до родителите да ги пуштат децата на училиште и дека се ќе биде во најдобар ред. Значи разговараме со полицијата и ситуацијата ја држиме под контрола-изјави Марјан Арсов, директор на гимназија „Славчо Стојменски“ – Штип.

По извршениот разговор, полицијата го лиши од слобода 18 годишниот ученик, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Гимназијата продолжи со редовна настава. По масакрот во Белград, ова е прва ваква закана во некое штипско училиште.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons