МакедонијаНајново

Приватните специјализанти бараат докторска плата и здравствено осигурување 

Работат во амбуланти, дежураат и ги извршуваат сите докторски обрвски за плата од 26. 000 денари без пензиско и здравствено осигурување. Над 300 приватни специјализанти во земјата бараат итно решавање на нивниот статус од страна на здравствените власти. Ако во 2018 година кога и почна плаќањето на нивниот труд им беше ветено дека ќе земаат колку просечната плата во земјата. После 8 години велат дека се на истата скала со истите пари и не биле опфатени со ниедно зголемување во здравството.

-Не ни ги плаќаат редовно ниту дежурствата, доцнат по околу 6 месеци, а исто така нема веќе ниту здравствено осигурување, односно, ако имале потреба од здравствени услуги во државните здравствени установи не може да ги добиеме, вели д-р Александра Ѓеорѓиева, претседател на ЗЛС.

На скопските клиники има над 270 приванти специјализанти и во дописот кој го доставија до јавноста, бараат плата на ниво на доктор по општа медицина во клиничкиот центар и решавање на нивниот статус. Во спротивно, најавуваат дека ќе престанат со извршување на било какви обрвски на соодветните клиники.

Овој револт доаѓа по најавите дека во март ќе има линерано зголемување од 5 проценти на платите кај здравствените работници.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons