Прекинат мечот Белгија – Шведска: Терорист уби двајца шведски навивачи (ВИДЕО)
Белгија и Шведска се судрија во натпревар од квалификациите за Европското првенство. Иако дуелот нема резултатско значење освен престиж, на улиците во Брисел се случувала голема драма поради која на стартот на второто полувреме, натпреварот беше прекинат.
Имено, двајца шведски навивачи се убиени од страна на оружен напаѓач. Убиецот самиот се идентификувал како член на терористичката група ИСИС, извикувал дека е тука за да ги одмазди муслиманските жртви во Газа и нанел повеќе повреди.
- Видео од пукањето во Брисел:
Според тамошните медиуми, двајца шведски државјани се убиени на лице место, меѓутоа во пукањето се ранети уште неколку случајни минувачи. Сторителот засега е во бегство, а очевидци откриле дека тој самиот се декларирал како терорист. На социјалните мрежи се појави и видео од човек кој на арапски се претставува како убиецот, најавува дека оди на натпреварот меѓу Белгија и Шведска, а носи и јакна каква што има човекот кој пука на видеото.