Предлог законот за солидарен данок со европско знаме стигна во Собрание
Владата го одобри текстот на Законот за данокот на солидарност кој го достави до Собранието со европско знаменце. Од Владата велат дека ЕУ ја одобрила Регулативата на Европскиот совет дека за ублажување на енергетската криза мора да се наплати данок на солидарност од компаниите кои благодарение на оваа криза имаа дополнителна добивка. Врз основа на ова, извршната власт бара оваа такса да се наплати за фирмите кои во текот на претходната година имаат регистрирано приходи од над 10 милиони евра.
„Целта на овој предлог закон е секоја компанија која има заработено повеќе од 615 милиони денари во текот на 2022 година да учествува во намалувањето на трошоците, согласно нивните економски можности и на некој начин солидарно да придонесе за ублажување на последиците од енергетската криза, продлабочувањето на инфлацијата и растот на цените на прехранбените производи“, наведоа од Владата.
За даночната реформа пристигнаа уште два предложени закони со европско знаме. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност. Реториката на властите е дека со овој данок, компаниите ќе ги компензираат бенефициите од поевтината струја и намалениот ДДВ во текот на кризата. Но, на ова се противи опозициската ВМРО ДПМНЕ.
Според официјалните проценки, преку солидарниот данок се очекува да се соберат околу 90 милиони евра. Од приходите што ги пријавиле во УЈП за 2022 година, повеќе од 200 компании ќе бидат обврзани со овој данок.
Пресметката е едноставна, секоја компанија што остварила приходи за 30% повеќе од изминатите 3 години, што во исто време овој процент надминува 10 милиони евра, ќе биде условена да го плати данокот на солидарност.
Оние кои остро се противат на овој данок се самата Стопанска комора на Македонија. Според оваа Комора, со наметнување дополнителен данок ќе се создаде негативна бизнис клима и покрај локалните компании, ќе се демотивираат и потенцијалните странски инвеститори кои сакаат да дојдат во земјава.