Почувствуван земјотрес во Македонија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера 28.02.2023 година регистрираше земјотрес 184 km југозападно од Скопје кој потекнува од соседна Република Албанија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 18 часот и 43 минути со Рихтерова локална магнитуда M L 4.1 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во западниот и северозападниот дел од Републиката.