Актуелно

Поставени камери на 60 локации низ Националниот парк „Маврово“

Националниот парк „Маврово“ отпочна со спроведување видеонадзор, при што новиот систем треба да обезбеди повисоко ниво на заштита на природата, како и зголемена безбедност на дивиот свет и посетителите.

Oдделението за заштита и мониторинг на Националниот парк Маврово на 60 локации низ територијата на паркот потави камери. Поставувањето на опремата, како што наведуваат од НП „Маврово“ е во согласност со законски надлежности и обврски и се однесуваат на заштита, унапредување и одржливо управување со природните вредности, биолошката разновидност и екосистемите.

Со видеонадзорот ќе се овозможи и подобро следење на состојбите во природата, движењето на дивите животни и навремена реакција од страна на надлежните служби, со што се унапредува севкупната заштита и управување со паркот.

Од Националниот парк „Маврово“ упатуваат апел до посетителите да се придржуваат кон правилата за движење и престој во рамки на паркот, да ја почитуваат природата и да постапуваат одговорно во зачувувањето на природното богатство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons