ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ПОРАДИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА САУДИСКА АРАБИЈА – МВР апелира да се почитуваат наредбите
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје декаво периодот од 09 до 13.01.2024 (од вторник до сабота), поради официјална посета на делегација предводена од Н.Е. Абдулах Бин Мухамед АлШеикх, претседател на Собранието на Кралството Саудиска Арабија – Меџлиси Ал Шура, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.
Со посебниот режим кој ќе го спроведе Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе бидат опфатени сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
Од тие причини, МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.