МакедонијаНајново

Полицијата вчера казни вкупно 404 возачи кои што возеле пребрзо 

Во текот на вчерашниот ден (08.01.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 404 возачи.

Од нив 31 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 219 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 185 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons