Актуелно

Полициција и специјалци на терен во неколку града во државата – во тек координирана акција

Рано утринава, силно полициско присуство, специјалци на терен и координирана акција против нарко подземјето.

Неофицијално, МВР – Бирото за Јавна Безбедност преку Одделот за организиран криминал, заедно со специјалните полициски сили и во координација со ОЈО за ГОКК, спроведува масовна акција во Скопје, Штип, Струмица, како и во селото Грчец – Скопско.

Порталот „Нетпрес“ пренесува дека на удар била криминална мрежа поврзана со нелегална трговија со дрога, поточно кокаин, а според првичните информации се вршат претреси на околу петнаесеттина локации и опфатени се повеќе лица од криминалното подземје.

Неофицијално, според информациите на порталот, во рацете на полицијата наводно паднале и имиња добро познати во криминалните кругови, меѓу кои се споменуваат Покрајчевалиев, Бојаџиски, Коцев, Веле викан „Бикот“.

Се очекува официјална потврда од институциите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons