МакедонијаХроника

Познат идентитетот на лицето кое почина по судар со автобус во маглата

Пробиштипјанецот С.Т.  е лицето кое вчера го загуби животот во сообраќајната несреќа која се случи на патот Штип-Кочани, извести МВР.  Од полицијата информираат дека сообраќајката во која учествувале автобус и автомобил била пријавена во 19.40 часот, а 37-годишникот бил сопатник.

Несреќата се случи синоќа меѓу автобус со беровски регистерски таблички и возило опел астра со пробиштипски регистерски ознаки на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на клучката кај штипската приградска населба Три Чешми.

– Пријавено е дека на клучка Штип од магистрален пат „Три Чешми–Кочани“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел астра“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од М.М.(37) од Пробиштип и автобус со штипски регистарски ознаки, управуван од Д.Ќ.(42) од Пехчево., се вели во билтенот.

Во несреќа, со повреди се здобил и возачот, кој бил пренесен во Клиничка болница во Штип за укажување на лекарска помош.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons