Пожарникарот кој исчезна утринава додека гаснеше пожар на планината Серта е извлечен од непристапниот терен
Пожарникарот на ТППЕ Штип, кој исчезна утринава додека гаснеше пожар на планината Серта е извлечен од непристапниот терен, здравствената состојба му е добра и веќе го прегледуваат лекари од Брзата помош – вели за МИА командирот на ТППЕ- Штип, Дарко Коцев.
Тој посочи дека утринава околу 9.30 му се изгубила трагата на пожарникорот, кој има искуство од над 20 години, а во потрагата се вклучиле 15 негови колеги, полициски хеликоптер и ловци.
– Се уште сме на планината Серта, каде што имаме пожар на шума, нискостеблести растенија на површина од околу 50 хектари. За кратко ќе се повлечеме, бидејќи овде имаме непристапен терен – вели Коцев.
Пожарот е под контрола, но со неговото гаснење ќе се продолжи утре.