Повторно гори ловиштето кај Мукос, потребни се хеликоптери за да го изгаснат
Вчера во 18:50 часот Главниот штаб за справување со кризи бил известен за пожарот од страна на концесионерот на ловиштето на планината Мукос, пожар кој претходно беше активен две недели, до 18 август, но и беше целосно изгасен, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„За денеска побаравме од Национални шуми, како и градоначалникот на општина Чашка да излезат на терен екипи да се справуваат со пожарот и да направат соодветна процена дали им се потребни дополнителни национални ресурси во справувањето. Од страна на градоначалникот добиено е барање за потреба од воздухопловна подршка како и дополнителен број на човечки ресурси. Штабот донесе заклучок утре рано наутро во 6:30 часот да упати 25 приоадници на МВР, 25 припадници на Армијата како и два воздухоплови за воздушна подршка на силите распоредени на терен. Денеска од Национални шуми прават пресеки за да го ограничат пожарот да не може да се движи кон селото и манастирот Свети Никола“, информираа од ЦУК.