Актуелно

ПЛАТИТЕ ОДАТ САМО НА ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ, вредноста дополнително се намалува со покапувањата, кратењето на трошоците неизбежно

Најголем дел од вкупните приходи на домаќинствата се трошат на основните потреби меѓу кои покрај храната, влегуваат и облеката и трошоците за домување, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Но, економистите потенцираат дека трошоците за семејствата со помали приходи се поголеми, односно кај нив можеби и не стигнуваат средствата за покривање на основните потреби, додека, од друга страна посочуваат оти имаме домаќинства кои одвојуваат помалку од својот семеен буџет за основни потреби, а притоа се хранат во ресторани.

Во една од анализите на Државниот завод за статистика насловена „Македонија во бројки“, се посочува оти „просечното домаќинство во Северна Македонија наменува околу 67,2 отсто од својата потрошувачка за задоволување на основните потреби како храна, облека, домување и покуќнина. Во структурата на приходите, во 2021 година преовладуваат примањата врз основа на редовна и повремена работа со 67,7 отсто, пензиите учествуваат со 20,7 проценти, примањата од земјоделството со 6 отсто, социјалните бенефиции со 1,5 проценти и примањата од странство со 1,2 отсто“.

Како што може да се забележи од табелата, процентот на средства до семејниот буџет кој се одвојува за основни трошоци во последните години постојано расте, а со оглед на фактот дека оваа година имаме значително поголема инфлација од претходните години, очекувано е семејствата да трошат уште поголем дел од буџетот на основните трошоци.

–  Податокот за потрошувачката на „просечното домаќинство“ во Македонија е агрегиран и не ги зема предвид огромните разлики во потрошувачкатапомеѓу класите. На пример, некое домаќинство може да троши 47 отсто одприходите на храна, но често да јаде во скапи ресторани, а добар дел одхраната дома да им завршува во кантата за отпадоци, бидејќи купувале преголеми количини храна, па после не внимавале на роковите. А другодомаќинство, може да троши исто така 47 проценти од приходите на храна, но данема доволно пари да купи храна за три оброци дневно, а храната што јакупува да е најосновната, често со полош квалитет. И сега, далииздвојување 47 отсто од приходите за храна индицира сиромаштија? И да и не. Кај високата класа – не, кај ниската – да. Во класно раслоено општествосите упросечувања немаат висока интерпретативна вредност – укажува Здравко Савески.

Тој за „Фактор“ појаснува дека дополнително поради инфлацијата, процентот на потрошувачка за основни потреби е уште поголем, и тој треба да ги поттикне граѓаните да посветат внимание на своите трошоци и да елиминираат се што не им е неопходно.

–  Поради инфлацијата, ќе се зголеми процентот на потрошувачката што мора да се одвојува за задоволување на основните потреби. Тоа треба да предизвика загриженост, но и да поттикне промена на однесувањето. Освен ако не се дел од привилегираната елита, граѓаните треба да видат на што им „бегаат“ парите, околу што имаат непотребни трошоци и повторно да се научат на максимално рационален пристап кон трошоците. Тоа вклучува правење напори да се избегне фрлањето храна, нецелисходното трошење струја, „палењето“ на колата за најмали потреби. Сето тоа не е самофрлање драгоцени ресурси, туку и фрлање пари. Ако не дојде до зголемена рационализација на потрошувачката, тогаш, во услови на инфлација, може да дојде до зголемена тешкотија да се врзи крај со крај во месецот изапаѓање во должничко ропство, со сите негативни реперкусии што тоа го носи на одложен рок – потенцира Савески.

Последниот податок на Сојузот на Синдикати на Македонија за минималната синдикална кошница вели дека на едно четиричлено семејство за освновни потреби во месец јуни годинава му биле потребни скоро 40 илјади денари.  

Токму храната и пијалоците опфаќаат најголем дел од трошоците.

faktor.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons