Пламените јазици три дена беснеат на Шара, проголтани 50 хектари шумска површина, најавените врнежи се решение
Пламените јазици ја голтаат шумската површина во Националниот парк Шар Планина над село Теарце веќе три дена. Теренот е непристапен. Локацијата се наоѓа на околу 2 часа пешачење од село Теарце. Од установата „НП Шар Планина“, велат дека немаат ниту опрема, ниту доволно вработени за да интервенираат професионално, но и временските услови го отежнуваат гасењето.
Поради густата магла, екипата на Националниот парк денеска е повлечена од локацијата која гори. Спасот го гледаме во најавените дождови, оти и авионите канадари не можат да интервенираат поради ниските температури.
Временските прогнози најавуваат дожд во западна Македонија, кој е единствениот спас Шара да се спаси од соголување на шумската површина.