МакедонијаНајново

Пет македонски државјани повредни во сообраќајка кај Солун 

Петмина државјани на Северна Македонија, кои се повредени во сообраќајна несреќа што се случи ноќеска 30 минути по полноќ, на патниот правец Игнација Одос, на клучката Амфиполи Серес, се хоспитализирани, но надвор од животна опасност, јави грчките медиуми.

Возилото во кое се возеле повредените, под засега неутврдени околности излетале коловозот.

За извлекување на возачот, всушност, била потребна помош од противпожарната служба. 

Сите патници со амбулантни возила на итна помо се пренесени во болниците во Солун и Серес. Причините за несреќата ги истражува Секторот за сообраќај Аспровалта.

Продолжениот викенд и убавото време илјадници македонски државјани го искористија за одмор во соседна Грција па денеска се очекуваат гужви за влез на јужната граница.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons