Петмина приведени алкохолизирани возачи – неготинец удрил во објект во Велес со 3,15 промили алкохол во крвта
На 24 јануари во 20:38 часот во СВР Велес е пријавено дека околу 20:30 часот на ул. „Партизанска“ во Велес, патничко возило „мазда“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(38) од Неготино, изгубил контрола и удрил во објект, при што го напуштил местото на настанот.
Подоцна на ул. „4 Јули“ во Велес, возилото и Ј.С. се пронајдени и по извршени проверки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 3,15 промили алкохол во крвта, по што Ј.С. бил лишен од слобода.
Во утринските часови на 25 јануари, во 1:22 часот на ул. „3-та Македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.К.(39) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „лада нива“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Д.К. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,62 промили алкохол во крвта.
На 24 јануари во 21:55 часот полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода З.Н.(62) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „југо“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал З.Н. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,74 промили алкохол во крвта.
Во Гевгелија, на 24 јануари во 22:35 часот на бул. „Гевгелија“ , полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишија од слобода О.П.(46) од с. Селемли, општина Богданци. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „волксваген“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал О.П. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,54 промили алкохол во крвта.
Неколку часа подоцна, на 25 јануари во 1:43 часот на регионалниот пат 1109, Брана „Паљурци“, полициски службеници од ОВР Гевгелија ја лишиле од слобода Д.Т.М.(46) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Т.М. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,52 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.



