Uncategorized

ПЕНДИКОВ ЕКСКЛУЗИВНО ЗА БТВ: Мечтаам да се вратам во Македонија, каде ќе кажам дека сум Бугарин (Видео)

Охриѓанецот Христијан Пендиков, ексклузивно за БТВ изјави дека сака да се врати во Македонија и да каже дека е Бугарин. 

Ова е негово прво појавување по нападот во Охрид, по што Софија со владин авион го однесе на лекување во Бугарија. Тој објасни дека во Охрид го тепале затоа што се пишувал дека е Бугарин. Медиумот пренесе дека тој претходно бил македонист, но потоа осознал дека е македонски Бугарин, а денес како што самиот рече дури и мајка му добивала закани по живот.  Тој тврди дека во Македонија било нормално да се пцујат и тепаат луѓе, а полицијата ја обвини дека не преземала мерки. 

„Ми се закануваат, пуштаат снимки од оружје, се закануваат на мајка ми. Ќе треба да се иселиме од Македонија, ние не сме за таму“, рече дека вака му се заканувале. 

Тој објасни дека во Македонија според него се учела фалсификувана историја, а сите соседи освен Србите биле прикажувани како непријатели. 

Видеото можете да го видите тука. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons