Актуелно

ПАРНОТО ПОЕВТИНУВА: Пониска цена за домаќинствата за 3,16 отсто, а за училиштата и фирмите за 17,3 отсто 

Намалување од 1,71 отсто ќе има за корисниците на топланата Скопје Север и за 0,5 отсто за корисниците на ЕСМ Енергетика.

Цената на парното греење за домаќинствата во Скопје од 1-ви август се намалува за 3,16 отсто за корисниците на ЕСМ.

Намалување од 1,71 отсто ќе има за корисниците на топланата Скопје Север и за 0,5 отсто за корисниците на ЕСМ Енергетика.

За деловните корисници и училиштата, парното поевтинува за 17,3 отсто кај ЕСМ, за 17,22 кај Скопје Север и за околу 40 отсто кај ЕСМ Енергетика.

-Одлуката е позитивна за потрошувачите, но состојбата на терен е загрижувачка. Цевката на мостот Беласица не е во функција – тоа е фактичката состојба која ја имам како информација во моментов. Една година помина за оваа операција да биде завршена. Алармираме до пред стартот на грејната сезона како се знае и умее јавниот интерес да биде испочитуван и цевката да биде функционална. Каква зима ќе имаме – никој не знае – дали ќе биде блага или со минусни температури. Алтернативниот цевковод е со помал капацитет. Во однос на донесената одлука, сакам да информирам дека овие цени се без субвенции, доколку истите продолжат намалувањето би било за 17%. Но РКЕ цени дека во моментот влегуваме во стабилизација кога се во прашање цените на енергенси генерално, природниот гас се враќа во очекувана нормала, субвенциите несомнено помогнаа да се амортизираат ефектите од енергетската криза, претходно и од пандемијата. Ова е одличен период за енергетските компании финансиски да се стабилизираат и консолидираат и да стартуваат со реализација на инвестициски проекти како и зафати за рехабилитација на инфраструктурата, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons