Македонија

Откриена причината за смртта на планинарот на Пелистер – познато колку години има

Скопјанец починал на планината Баба блиску до врвот Пелистер денеска, најверојатно од срцев удар, дознава 4NEWS.mk Тој не бил сам, туку со група планинари кои допатувале викендов во Битола за да планинарат.

Станува збор за искусен планинар со иницијали А.С од Скопје. Пријателите со кои бил, први побарале помош, но поради непристапноста на теренот, телото најверојатно ќе се симнува со хеликоптер. Тие се наоѓале во близина на Ловечка куќа на надморска висина од околу 2.000 метри.

– Планинарот не бил ниту болен ниту имал некаква дијагноза. Пријателите се во шок и неверување за нивниот пријател. Според наши информации лицето е на возраст од 74 до 76 години, објави 4news.mk.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) извести дека Дирекцијата за заштита и спасување од Битола, која има тим за интервенции во планински услови, за транспорт на телото до локација каде може да дојде возило на Итна медицинска помош.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons