МакедонијаНајново

Од 21 учество на Евровизија, 12 пати не влеговме во финале: Лош избор или малер? 

Од своето осамостојување до денес, Македонија има учествувано на Евровизија 21 пат, а 12 пати нашите претставници не успеале да се изборат за пласман во финале.

Тамара заедно со Адријан и Врчак, ,,Некст тајм”, Ѓоко Танески заедно со Били Ѕвер и Дамјан Пејчиноски, Влатко Илиевски, Есма и Лозано, Тијана Дапчевиќ, Даниел Кајмакоски, Калиопи, Јана Бурческа, ,,Ај кју”, Васил Гарванлиев и Андреа Коевска се претставниците кои немаа успех да ја однесат земјата во финале на Еврововизија во годините наназад.

д 21 учество на Евровизија, 12 пати не влеговме во финале: Лош избор или малер?

од Fokus13.05.2022 14:14

Од своето осамостојување до денес, Македонија има учествувано на Евровизија 21 пат, а 12 пати нашите претставници не успеале да се изборат за пласман во финале.

Тамара заедно со Адријан и Врчак, ,,Некст тајм”, Ѓоко Танески заедно со Били Ѕвер и Дамјан Пејчиноски, Влатко Илиевски, Есма и Лозано, Тијана Дапчевиќ, Даниел Кајмакоски, Калиопи, Јана Бурческа, ,,Ај кју”, Васил Гарванлиев и Андреа Коевска се претставниците кои немаа успех да ја однесат земјата во финале на Еврововизија во годините наназад.- Advertisements -https://1327856755.rsc.cdn77.org/sites/lacmus/docs/1657d7397f5922ceb6ed8f7c8d66a8ae/index.html

Како најдобар евровизиски резултат останува оној на Тамара Тодевска во 2019 година, кога со песната ,,Proud” заврши на седмо место, а прво од гласовите на интернационалното жири.

Најлошиот пласман се случи во 2011, односно 2013 година, кога земјата ја претставуваше Влатко Илиевски кој освои 16 поени и не се пласираше во финале, а две години потоа и Есма и Лозано завршија со ист број на поени, односно не влегоа во финале.

Првиот македонски претставник на Евровизија беше Владо Јаневски, во 1998 година, со песната ,,Не зори зоро” кога заврши на 19-то место.
Во 2000 година девојките од групата ХХЛ завршија на 15-то место, а во 2002 година Каролина исто како и Јаневски, беше 19-та.

Во 2004 година МРТ го избра Тоше Проески да ја претставува земјата со песната ,,Ангел си ти”, и тој беше 14-ти.
По него претставници беа Мартин Вучиќ, 17-то место, Елена Ристеска, 12-то место и Каролина Гочева, 14-то место во 2007 година.

Малерот, на некој начин започна во 2008 година, кога земјата ја претставуваа Тамара, Адријан и Врчак, и не се пласираа во финале. Четири години по ред Македонија не успеваше да влезе во финале, а ,,Некст Тајм”, Ѓоко Танески заедно со Били Ѕвер и Дамјан Пејчиноски, а потоа и Влатко Илиевски, останаа без настап на големото финале.

Во 2012 година Калиопи со песната ,,Црно и бело” го ,,разби” четиригодишниот малер, и Македонија во финалната вечер заврши на 13-то место.

Но, веќе наредната 2013 година, Есма и Лозано не обезбедија пласман, и следеа шест години без влез во финалето.

Тијана Дапчевиќ, Даниел Кајмакоски, повторно Калиопи, Јана Бурческа и ,,Ај кју” беа претставниците кои го завршија своето евровизиско патување во полуфиналната вечер.

Во 2019 година Тамара Тодевска ја врати земјата на големата врата, со највисокиот досега пласман, седмо место и прво според гласовите на интернационалното жири.

Во 2020 година Васил Гарванлиев, кој беше избран од страна на МРТ, не настапи, бидејќи настанот се откажа поради пандемијата, а пак наредната 2021 година, тој не влезе во финале.
Истото се случи и вчера со Андреа Коевска, со што ова е 12-ти пат Македонија да не успее да се пласира во финалето на Евровизија.

Погрешен избор на претставник, лоша песна и сценски настап, или пак едноставно малер, е прашање кое е актуелно во јавноста. Многу луѓе, многу музички вкусови, од една страна разочарување поради пропуштената шанса за влез во финале, а од друга пак рамнодушност, од оние кои воопшто и не верувале дека Македонија годинава ќе има добар пласман.

Утре вечер, на големото финале на Евровизија 2022, љубителите на манифестацијата ќе ја имаат можноста да ги слушнат избраните песни и да го дадат гласот за својот фаворит од избраните земји учеснички. Според обложувалниците, најголеми шанси за победа има Украина, потоа следуваат Обединетото Кралство, Шведска, Италија, Шпанија, Полска, Грција, Србија, Норвешка и Холандија.

fokus.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons