Од 10 ноември при влез во ЕУ ќе се земаат отпечатоци од четири прсти и фотографии
Од 10 ноември годинава на границите граѓаните ќе мора да дадат отпечатоци од четири прсти и фотографија на лицето, во рамки на новиот Систем за влез и излез (ЕЕС). Ова ќе важи за државјаните на Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Црна Гора, Косово, Украина и други земји на чии граѓани не им треба виза за влез во Европската Унија.
Според Европската комисија, ова правило не важи за деца помлади од 12 години.