Македонија

Од следната недела, Охрид со директна авиолинија се поврзува со уште еден европски главен град!

Македонскиот туристички центар, Охрид, и главниот град на Словачка, Братислава, од 17 март стануваат директно поврзани преку нова авиолинија. Оваа стратешка врска е резултат на заложбите за зајакнување на економската и туристичката соработка меѓу двете земји.

Од Амбасадата на Словачка во Скопје истакнуваат дека ова е клучен чекор напред во продлабочувањето на пријателските односи.

Со овој потег, охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ ја збогатува својата мрежа на летови, нудејќи им на домашните и странските патници побрза и поефикасна врска со Централна Европа.

Инаку, воспоставувањето на оваа линија беше најавено пред два месеци од страна на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, и словачката амбасадорка, Ивета Хрицова.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons