Македонија

Нов законски предлог: Ќе се одзема бугарски пасош за навреда на Бугарија

Министерството за надворешни работи на Бугарија предлага нова законска измена со нов став 5 кон членот 22 во Законот за измени и дополнување на Законот за бугарско државјанство со кое ќе се одземаат бугарски пасоши за навреда на Бугарија.

„Натурализација врз основа на која е добиено бугарско државјанство може да биде откажана, ако лицето систематски и намерно го поткопува престижот на Република Бугарија, бугарските институции и националните интереси преку говор на омраза или извршило дејство од омраза против бугарската држава, нејзините граѓани и/или бугарските заедници во странство”.

„Целта на законскиот проект е да се создаде можност за откажување на натурализацијата во случај на намерни антибугарски манифестации од страна на лице кое се стекнало со бугарско државјанство”, се вели во Извештајот што го испратила до Владата вицепремиерката и министерка за надворешни работи, Марија Габриел.

Сите предложени измени се објавени на сајтот на МНР и на порталот за општествена консултација, можност која ќе трае до први декември.

„Стекнувањето државјанство со натурализација бара и обврски за почитување на бугарските закони, почит кон Бугарија и нејзините национални симболи и институции. Секоја форма или манифестација на омраза, нетрпеливост и агресија кон бугарската држава, нејзините граѓани и/или бугарските заедници во странство, не само што е недозволива, туку подразбира и отсуство на чувство за припадност кон бугарската држава“, наведува Габриел во Извештајот до Владата.

Покрај ова, за оние кои во иднина ќе добијат бугарско државјанство, се предлага уверенијата да им бидат доделувани на посебна церемонија. 

Предвидено е конституирање на Советот за координација за зачувувањето и ширењето на бугарскиот јазик и култура меѓу бугарските заедници во странство и зачувување на бугарското културно и историско наследство. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons