Нов ДУП за Кале: Паркинг, мост до стадион и зеленило кај постоечки куќи
Просторот околу скопското Кале и Музејот за современа уметност ќе биде парковско зеленило според новиот ДУП, а куќите околу калето и Музејот ќе се уриваат затоа што тоа подрачје е заштитено културно наследство.
Граѓаните кои таму живеат со децении уште од земјотресот, ќе бидат обесштетени, најавија претставниците на Општина Центар кои пред граѓаните го презентираа ДУП-от.
-Додека вие планирате на хартија зеленило, околу Калето се гради дивограба токму во овој момент на само неколку чекори од нас – им посочија на урабанистите од Општина Центар дел од жителите кои дојдоа на презентацијата на новиот ДУП за Кале и Срц Кале, во Музејот за современа уметност.
Урбанистите од Општина Центар рекоа дека ги известиле колегите од инспекција и уверуваа дека ќе излезат на терен за да се справат со дивоградбите.
Граѓаните населени околу Калето по земјотресот прашуваа што ќе биде со нивните домови затоа што во новиот ДУП таму е нацртано зеленило и затоа што тие спаѓаат во заштитено подрчје.
Имотен лист имаат, но нивното прашање допрва ќе го решава централаната власт, при што како можни решенија денеска беа споменати експропријација или пак размена на земјиште.
Со новиот ДУП од Општина Центар најавија и голем паркинг под Калето и мост кон стадионот и Градски парк, со цел да се намали метежот во тој дел од градот.