Актуелно

Не е постигнат договор за цената на струјата која треба да ја набавиме од Бугарија 

Македонија и Бугарија не се разбраа за цената за струјата која треба да ни ја продадат. 

Бугарија и Северна Македонија не успеаја да постигнат договор за цената на струјата што бугарските производители треба да ја извезат во Скопје, објави БНР.

Како што јави дописникот на МИА, работна група од Северна Македонија престојуваше во Софија. На состанокот учествуваа директорите на македонските енергетски компании – Васко Ковачевски од АД ЕСМ и Орхан Муртезани од МЕПСО, како и Виктор Андонов – советник на премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

Идната недела повторно ќе има состанок на работните групи за втор обид да се постигне договор за снабдување со електрична енергија. На 5 септември премиерите на двете земји Галаб Донев и Димитар Ковачевски се договорија да бидат извезени околу 200 мегават часови електрична енергија од Бугарија во Северна Македонија. Енергетска криза ја тресе Европа. 

foto freepik.com/megafilm

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons