Спорт

Несторовски доби друштво: Уште еден Македонец ќе игра за Славен Белупо 

Maкедонскиот фудбалер роден во Шведка, Леонард Жута му се придружи на Илија Несторовски и од денеска е нов член на Славен Белупо.

Поранешниот репрезентативец на Македонија во Хрватска претхдоно од 2015 до 2019 година го носеше дресот на Риека, а во изминатата година одигра 28 натпревари за шибеник. Вкупно во хрватскиот фудбал зад себе има 167 натпревари во кои постигна три гола и подели девет асистенции.

Надвор од Хрватска, Жута беше дел од: Бромапокарјна (Шведска), Валеранга (Норвешка), Лече (Италија) и Хакен (Шведска.

Дресот на македонската репрезентација 33-годишниот лев бек го носеше на 15 натпревари, а последен пат во 2016 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons