Свет

НЕМА МИР ВО ЕВРОПА СО КРВОЖЕДНИОТ АВТОКРАТ ОД КРЕМЉ Војната за НАТО мора да остане „студена“

Додека Путин е во Кремљ, не може да има мир во Европа – истакна Ширеф, опишувајќи го Путин како крвожеден автократ.

Поранешниот заменик врховен командант на НАТО во Европа, Сер Ричард Ширеф, изјави дека тој, како и повеќето луѓе, има длабоки сомневања во ветувањето на Русија дека ќе ги намали своите напади врз Киев и Чернигов.

– Ова е речиси сигурно признание дека обидот за напредување не успеа и дека најверојатно ќе нападне на друго место. Исто така, не би отфрлил дека тоа е некаква форма на измама. Додека Путин е во Кремљ, не може да има мир во Европа – истакна Ширеф, опишувајќи го Путин како крвожеден автократ.

Тој вели дека НАТО мора да се погрижи војната со Русија да остане студена и да нема индикации дека НАТО се подготвува за каква било војна.

– Сè уште не сме го виделе тоа зголемување на способноста на НАТО, што мислам дека ќе биде клучно ако Алијансата сака да спречи каква било натамошна агресија – рече Ширеф.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons