Македонија

НЕМА ВРЕМЕ ЗА ДА СЕ КРЕНЕ ВЕТОТО ВО ЈУНИ Според бугарското МНР, францускиот предлог е добра основа за решение 

Според бугарското МНР, францускиот предлог за одблокирање на македонските евроинтеграции е добра основа за идно решавање на спорот.

Бугарското Министерство за надворешни работи го поздравува конструктивниот пристап на Франција, но до крајот на Француското претседателство со Европскиот совет (30 јуни) нема услови да се решат отворените прашања со Северна Македонија, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи.

Според бугарското МНР, францускиот предлог за одблокирање на македонските евроинтеграции е добра основа за идно решавање на спорот.

„Основниот предизвик се однесува на факторот време. Во оваа етапа веќе не постои објективна можност за исполнување на критериумите наведени во Рамковната позиција до крајот на Француското претседателство во Советот на ЕУ. Можно е до неговиот крај да станат јасни следните чекори во процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија со сите неопходни гаранции за бугарските интереси и за правата на Бугарите во соседната држава. Бугарија го поздравува конструктивниот пристап на Франција која што спроведе средби со сите бугарски институции по однос на темата и по многу работа пројави разбирање за позициите на државата. Франција го докажа не само своето пријателство со нашата земја, туку и својата посветеност на процесот на проширување на ЕУ. Истовремено, сè уште има определени аспекти во предложените проекти за Преговарачката рамка и Заклучоците на Советото по кои што треба фокусирано да се работи за заштита на бугарскиот интерес. Клучно е да биде потпишан и двостраниот Протокол со Скопје“, се вели во соопштението на бугарското МНР.

Од бугарското МНР велат дека не можат да изготват официјална позиција затоа што нема одлука ниту на владата, ниту на Народното собрание. Бугарската влада има донесено одлука да не се произнесува по европски предлози додека не биде разгледано во Народното собрание.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons